
Герила акција против Антиќ: Не биди Перо, навивај за МЗТ! (ФОТО)
Антиќ пред пет дена на ракометниот спектакл дојде во дуксер Црвена Звезда, па наиде на жестока реакција на македонската јавност, но денеска на себе немаше обележје во црвено-бело, ама тоа што е голем навивач на Ц. Звезда донесе герила-акција против него.
„Не биди Перо, навивај за МЗТ“, пишуваше на картонот кој до држеше економот на клубот до Антиќ, на фотографија објавена на профилот на Фемили Аеродром.