Камерунци и Ганци плаќале за место во репрезентацијата за да играат на СП во Катар
Како што објави шпанскиот новинар Рамон Молина, Камерунци и најмалку еден Ганец платиле за да добијат место меѓу 26-те фудбалери во своите селекции за да бидат дел од Мундијалот во Катар.
„Одредени фудбалери на Камерун и Гана плаќале за да играат на СП. Некои од нив платиле само за да бидат дел од тимот, не и да играат“, објави Молина.
Според информациите, засега идентитетот се знае само на еден играч од Гана, Баба Рахман, кој на овој начин сакал да си обезбеди трансфер од Челси во посилен клуб и поради плаќањето од селекцијата отпаднал Џефри Слуп од Кристал Палас.
Не е познато точно колку Камерунци и Ганци платиле, а засега не се познати ни имињата на фудбалерите. Интересно е што Ригоберт Сонг, селекторот на Камерун, кога го читаше конечниот список за СП, не го знаеше 26-от фудбалер и урнебесно го прочита, па новинарите го поправаа и сега тој можеби е еден од „допишаните“ кои дале пари за местото во репрезентацијата.