Калин Ивановски ќе настапи на турнир во Трнава
Ивановски се наоѓа во одлична форма и во понеделникот скокна за 17 места на најновата АТП-листа, па се наоѓа на 610. место во светот, додека шанса за да го подобри пласманот ќе има на турнирот во Трнава, Словачка.
Македонскиот тенисер на турнирот во Словачка не е еден од носителите, па ќе почне од првото коло каде што ќе се соочи со чешкиот тенисер Павел Неједли.
Ивановски досега се закити со титули во Хераклион (Грција), Монастир (Тунис) и Мадрид (Шпанија).