Гакпо за историја на СП: Само еден играч досега имаше дадено гол на три меча по ред

Холандија води со 1-0 против Катар во третото коло од Мундијалот во Катар, а повторно стрелец на гол беше талентираниот Коди Гакпо кој реши сам да ја заврши акцијата.

Гакпо испрати прецизен удар кон голот на Катар, па така испиша историја и стана втор фудбалер по Алесандро Алтобели кој постигнал гол на секој од првите три меча на Светско првенство (СП).

Ова е само уште еден доказ зошто европските гиганти се „тепаат“ за неговиот потпис, а сигурно уште во јануари некој од нив ќе се обиде да го ангажира младиот и талентиран напаѓач.