![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2022/11/15/188092-gazeta-delo-sport-go-ispofali-elmas-koga-i-da-go-stavite-kje-vi-donese-rezultat.jpg?itok=tQvOM68L)
„Газета дело Спорт“ го испофали Елмас – кога и да го ставите ќе ви донесе резултат!
Елмас има три гола и асистенција досега сезонава во која најчесто беше резерва, но во последнава недела Лучано Спалети му даде доверба да игра од почеток, па Елмас со гол ја обезбеди тешката победа во Бергамо кај Аталанта (2-1), а со гол и астстенција беше клуч за победата против Удинезе (3-2) со која Наполи го заврши првиот дел од сезоната со рекорд од 13 победи во 15 меча и 11 триумфи во низа.
„Да го наречете Елмасхелија нема да се навреди! Елиф Елмас трипати доби шанса од првата минута во Серија А, со Лече, Аталанта и Удинезе и на секој од трите меча даде гол. Плус во саботата му асистираше на Осимен. Тој не е како Грузиецот, но е близу него и во секој случај Елмас е крило на свој начин – секојпат ја прави разликата. Ја нема непредвидливоста на Квича, ама никојпат тренерот не зажалил што го ставил, зашто постојано е опасност во противничкиот шеснаесетник. Ладен е како врвен напаѓач, многу корисен како играч за врска на крилна позиција, фудбалер кој му дава баланс на тимот. Е, тоа е тој Елиф Елмас, кој сега може и да се дефинира како неочекуван силен протагонист во една неверојатна сезона на Наполи“, пишува најпознатиот спортски весник на Чизмата.