Македонија со убедлив пораз од Франција го почна ЕП
Една од најдобрите селекции во светот тргна опасно кон голот на Македонија, но сепак по 15 минути ни постигна само пет гола (5-0), додека првиот погодок за нашата селекција го даде Јована Кипријановска во 16. минута (1-5). Во следните неколку минути следеше мал пад во играта на Франција, а тоа го користи Македонија, па Моника Јанеска и Симона Стојковска стрелаа за 3-6.
Сепак, потоа почнаа грешките во нашиот состав и одличните одбрани на голманката Дарле, а тоа го искористија брзите ракометарки на Франција кои со серија од 5-0 стигнаа до 11-3. До полувреме паднаа уште неколку голови на двете страни, па македонските ракометарки заминаа со негатива од седум погодоци (5-12).
Франција до првата двоцифрена предност стигна во 35. минута, кога поведе со 15-5, по што беше јасно дека македонските ракометарки не можат да направат изненадување до крајот на средбата, а селекторот Савевски реши да им даде шанса и на останатите со помала минутажа, по што водството на крајот Французинките триумфираа со 24-14.
Најефикасни во составот на Македонија беа Јаневска со четири гола, како и Саздовска и Ристевска со по три погодоци, додека кај Франција најдобра беше Ласурс со четири гола.
Македонија следниот натпревар го игра в понеделник против Холандија до 18 часот.