Челси го освои Салцбург и завери осминафнале во ЛШ (ВИДЕО)

Челси го освои Салцбург и завери осминафнале во ЛШ (ВИДЕО)

Каи Хаверц со прекрасен гол од 16 метри на асистенција на Кристијан Пулишиќ во 64-та минута ја обезбеди победата за Челси откако Жуниор Адаму четири минути во вториот дел ја поништи првата предност на лонднските сини кои од 23-та минута имаа предност со прекрасниот гол на Матео Ковачиќ.

Челси со победата сега дојде до 10 бода, четири повеќе од Салцбург, а шест од Милан и Динамо, кои веќерва во Загреб ќе играат во вториот меч од оваа група.

Севилја со 2-0 го победи Копенхаген за прв триумф во ЛШ сезонава и дојде до пет бода, два помалку од Борусија Дортмунд која е втора и вечерва го чека Сити на домашен терен, во меч на кој им треба бод за да го завери осминафиналето, иако и со пораз предалечно делуваат пролетните елиминации за Андалузијците.

За Севилја во последен момент да го дофати осминафиналето ќе треба Сити вечерва да победи, а потоа шпанскиот тим да ги победи „граѓаните“, а Дортмунд уште еднаш да загуби и тоа од Копенхаген.

Копенхаген еден час се држеше, по што потклекна откако Ен Несири во 61-та го отвори резултатот, а во самата завршница прво Иско во 88-та ја дуплираше предноста, за Монтиел во 90+2-та минута да стави печат на победата.