Пелистер се засили со дански ракометар од Алборг
Се работи ракометар кој игра на позицијата лев и централен бек и воедно ќе биде првиот Данец што ќе заигра во еден македонски тим. 28-годишникот доаѓа во Битола од данскиот шампион Алборг. Хенеберг блесна во Силкеборг и Архус и во сезоната 2019/20 потпиша за норвешкиот првак Елверум. По една сезона во овој клуб и сите освоени трофеи, потпиша за Алборг.
Неговото деби се очекува следната недела на натпреварот против Пролет од седмото коло на групата Б на Суперлигата.