Скандал во САД: Средношколци со црномурести другари си „играле“ - аукција на робови! (ВИДЕО)

Голем скандал ги потресе САД откако се појави видео од соблекувална на средношколски тим во американски фудбал, на кој се одржувале „аукција на робови“ со црномурести фудбалери.

Клубот Ривер Волеј од Калифорнија бил приморан да се повлече од едно натпреварување, откако скандалозното видео се појавило по социјалните мрежи, на кое средношколците со своите црномурести колеги „си играле аукција на робови“.

„Кога го видов видеото останав во шок. Глумеа продажба на робови. Снимката покажува дека сѐ е организирано и тажно е што ова се случува. Тврдат дека било само шега, дека не сакале никого да навредат, ама ова е рамно и никакви оправдувања нема за ова што се случи“, рекол директорот на училиштето, Дорин Оусми.