Уникатно ветување од еквадорски фудбалер: Ако испаднеме, ќе си го пресечам... (ВИДЕО)

Еквадорецот Кевин Хосуе Мина Кињонес го дозна светот, но не затоа што е спектакуларно добар во фудбал, туку поради неговата уникатна изјава.

Мина Кињонес е член на Реал Санта Крус, во најквалитетната лига на Боливија. Клубот се наоѓа на претпоследно место и се бори за опстанок, а Еквадорецот е убеден дека нема да испаднат. Толку убеден, што даде опасно ветување.

„Ако испаднеме од лигата, веднаш ќе си го исечам пенисот“, им порача Мина Кињонес на новинарите во очи.

Тој е само неколку месеци дел од екипата, но очигледно доволно му биле за ваква самодоверба. Санта Крус во моментов има 16 бода, два помалку од зоната за испаѓање.