Влаховиќ и Ди Марија преживеале хорор – вооружени крадци влегле во домот на Аргентинецот

Српската ѕвезда Душан Влаховиќ и аргентинската ѕвезда Анхел Ди Марија преживеале вистински хорор на филм, откако вооружени крадци влегле во домот на „гаучосот“, но брзата реакција на полицијата спречила да има многу потрауматична вечер за двајцата фудбалери на „старата дама“.

Влаховиќ бил на гости кај Ди Марија, кога во домот на Аргентинецот влегле тројца до заби вооружени лица. Но, ги спасило тоа што Аргентинецот брзо го вклучил алармот, па полицијата експресно дошла и реагирала.

Според одредени портали, се случнал и еден истрел, но во целиот хаос никој не е повреден, а уапсен е еден од тројцата разбојници, додека другите двајца се во бегство и торинскста полиција е во потрага по нив.

Во последниве години зачестија грабежите од криминални групи низ Европа врз спортистите, а неколкумина се соочуваа со вистински пекол откако разбојниците наоружани им влегуваа и кога се дома или ги напаѓаа на улица.