Војдан влегува во ритам - со 20 поени му донесе нова победа на По Ортез!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Војдан Стојановски, игра одлично во дресот на француски По Ортез, а оваа вечер беше посебна за него, откако постигна 20 поени за својот тим во победата над Орлеанс со 82-60 во домашното првенство.

Нашиот репрезентативец имаше одличен ефект за три поени, погоди пет од седум обиди. Исто така беше перфектен од линијата за слободни фрлања (три од три) и 1/3 за два поени. Освен тоа нанижа и 4 скока за близу 30 минути колку што беше на паркетот.

За По Ортез ова беше четврта победа во последните пет првенствени меча.