Тодоров: Втората четвртина беше ужасна, зошто во Талин да не победиме поубедливо!

Селекторот на Македонија, Александар Тодоров, очекувано не беше премногу расположен на прес-конференцијата по поразот на вечерашниот дуел со Естонија (72-81), но истовремено искажа верба во своите избраници и оптимизам во однос на средбите кои следуваат.

„Само поради начинот на кој ја одигравме втората четвртина, која ја загубивме со 20 поени разлика, ние не заслуживме да победиме на крајот. Дозволивме да влеземе во брза кошарка која противникот ја наметна, а ние знаевме дека тоа не смеевме да им го дозволиме. Згора на тоа, Естонците мечот го почнаа со таква агресија каква што е одлика на домашната екипа. Првпат по подолго време игравме пред полна сала, но тоа не го искористивме. Начинот на кој одигравме во второто полувреме, сепак, ми дава надеж дека сме на добар пат и дека можеме многу повеќе. Има нешто во овој состав и сигурен сум дека ќе ја победиме Естонија во Талин со десет и повеќе поени. Пред нас имаме осум месеци за надградување и напредок и сигурен сум дека не е сѐ решено околу патниците за ЕП 2021“, изјави Тодоров.

Жолто-црвените утринава тргнуваат кој Перм, каде што в недела ѝ гостуваат на Русија.