„Тешко е да се игра во Македонија, публиката секогаш е - шести играч!“

Селекцијата на Данска вторпат во претквалификациите за ЕП 2025 одигра драматичен меч против Македонија, во кој на крајот паркетот го напушта со наведнати глави.

Првиот пат тоа беше во Наествед, кога Ненад Димитријевиќ со тројка од половина терен ни донесе победа, а вториот беше вечерва во Гевгелија, кога загубија во натпревар во кој водеа во 40 од одиграните 45 минути. Селекторот на Данците, Алан Фос, ја потенцира атмосферата во салата како еден од факторите за неуспехот на неговите репрезентативци.

„Среќен сум што не бев дел од првиот натпревар кога загубивме со звукот на сирената, можам само да замислам како им било на сите во нашиот табор бидејќи и ова вечерва беше тежок пораз за нас. Го имавме мечот в раце, но промашивме шутеви во клучни моменти, а домаќинот погодуваше. Тешко е да се игра во Македонија, публиката беше одлична и тоа пресуди на крајот бидејќи беше нивни шести играч. Задоволен сум од прикажаното на моите играчи, иако не го добивме натпреварот“, изјави Фос.

Данска веќе нема шанси за пласман во квалификациите бидејќи има четири порази од исто толку средби, за разлика од македонскиот кошаркари кои имаат скор 4-0.