Никола Јокиќ ќе игра за Србија на Олимписките игри!
Јокиќ кој претходно одбиваше да игра за Србија под изговор дека е уморен, овојпат реши да го брани дресот на татковината.
Веста за Јокиќ ја носи новинарот Марко Љубомировиќ кој тврди дека Србинот ќе настапи на големиот турнир во Париз.
Денвер оваа сезона не стигна ниту до конференциското финале, па Јокиќ ќе има доволно време да се одмори, а потоа да се стави на располагање на српската репрезентација.