Несреќниот Симаниќ, жив и здрав се врати дома со репрезентацијата! (ФОТО)

Српските кошаркари беа бурно пречекани во Белград, по враќањето од Филипините и освоениот сребрен медал на Светското кошаркарско првенство, но еден човек беше поомилен од сите други.

На радост на целокупната јавност, во репрезенативниот екипаж бил и Бориша Симаниќ, српскиот кошаркар, кој несреќно загуби бубрег за време на Мундијалот. Иако мина низ кошмар, низ операции и период на рехабилитација, сепак кошаркарот во одлична состојба допатувал дома.

По еден незгоден удар во мечот со Јужен Судан, на Симаниќ му беа извршени три хрируршки зафати, при што остана без едниот бубрег.