„На Тодоров му заврши договорот, ама можно е да остане селектор!“

На денешната, помалку хаотична прес-конференција на раководството на Кошаркарската федерација на Македониј (КФМ), која наместо да биде за отчет по неупсшените квалификации за ЕП 2022 се претвори во „лов на вештерки“ меѓу новинарите, меѓу другото беше говорено и за статусот на Александар Тодоров како селектор на македонската репрезентација.

Според спортскиот директор, Тодор Гечевски, договорот на предводникот на националниот тим завршил со необезбедувањето место меѓу европската елита, но дека постои можност тој да остане на клупата.

„Селекторот допрва треба да достави извештај за работата во изминатите квалифиакции, по што ќе свикаме стручен совет и ќе го разгледаме напишаното. Потоа со заеднички сили со најдобрите 'стручњаци“ ќе решиме дали ќе се продолжи договорот со Тодоров, што секако стои како опција“, изјави Гечевски

Тодоров дебитираше лани во февруари со два порази, од Естонија дома и Русија на гости, а останатите четири средби како селектор ги имаше кон крајот на минатиот месец кога оствари две победи и два порази на турнирот во Перм. Македонија квалификациите ги заврши со скор 2-4, идентичен со тој на Естонија, која, сепак, се пласира на ЕП поради подобрата кош-разлика во меѓусебните дуели со жолто-црвените.