
Маслинко: Во нападот сега сме многу добри, одиме на две победи!
Маслинко се наоѓа во одличен ритам пред двата натпревари од квалификациите против Естонија и Полска, а посочи дека заедно со соиграчите ќе одат на победа на двете средби.
„На двете средби одиме на две победи. Двете репрезнтации ни се познати. Со Естонија и во претходниот циклус имавме две средби така што мораме да победиме ако сакаме да играме на Европско првенство. Секако, напаѓачки сега сме доста подобри. Имаме двајца плејмејкери кои можат да играат со топката. Малку сме послаби на центарски позиции, но ќе се обидеме да надокнадиме на тоа. Секогаш сум тука за Македонија“, кажа Маслинко.
Македонија првиот меч го игра против Естонија на 21 февруари, а три дена подоцна ќе се соочи против Полска.