Македонскиот „снајпер“ го напушти Иран и се пресели во – Франција!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Марко Симоновкси, кој беше член на легендарната генерација што заврши четврта на ЕП 2011 во Литванија, од денеска е нов член на францускиот второлигаш Мориен.

Еден од најдобрите тројкаши во последно време во макбаскетот сезоната ја почна во Кожув, по што се пресели во Иран, каде што неодамна настапуваше за тимот на Кан Кузестан. Во новиот тим ќе биде соиграч со доскорешниот соиграч од Гевгелија, Чаз Вилијамс, кој претходно играше и за Пелистер.

Мориен се наоѓа на десеттата позиција во француската Втора лига со скор 12-13, идентичен како деветтопласираниот Лил. Лидерот на крајот на основниот дел изборува директен пласман во Про А, а екипите од втората до деветтата позиција играат во плеј-офот.