
Македонија со Шортс и Димитријевиќ ќе ги одигра најважните мечеви на генерацијата!
Македонија мора да победи во претстојните два меча – со најмалку шест разлика в петок против Естонија на гости и против Полска в понеделник дома – но во исто време ќе мора да очекува и поволен исход од Литванија во последното коло, односно нивна победа против Естонците.
Шортс по неколку годишно отсуство се враќа во жолто-црвениот дрес поради фактот што неговиот сонародник, Итан Хап (Валенсија) е повреден и не може да настапи како натурализиран играч.
За одбележување е што во тимот ќе ги нема Дамјан Стојановски и Адем Мекиќ поради повреди, а останатите се очекуваат да се појават на денешниот прв тренинг (18 часот). Шортс пристигнува попладнево од Франкфурт заедно со селекторот Александар Јонечвски, додека истовремено се очекува доаѓањето на Димитриевиќ.
Македонија се уште има шанса да настапи на Европско првенство за првпат по една деценија. Последен пат „црвено-жолтите“ беа дел од континенталната елита во 2015 година на шампионатот во Хрватска.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Дамјан Робев – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Шошкиќ – Работнички
Теодор Симиќ – Кожув
Страхил Николов – ТФТ Скопје
Ненад Димитријевиќ – Олимпиа Милано
Лејсон Зеќири – Башкими
Андреј Јакимовски – Колорадо
Ти Џеј Шортс – Парис