Мајстор: Шоуто на Димитријевиќ против Партизан „собрано“ во две минути (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, ја одигра можеби најдобрата партија во кариерата во неодамнешната победа на неговиот УНИКС Казан против Партизан (83-77) со оглед што средбата ја заврши со 30 поени, три асистенции и две украдени топки.

Тоа беше меч за 3. место на ВТБ-купот на кој нашиот кошаркар го доби МВП признанието. Неговиот придонес на паркетот беше огромен, а поените постигнати на мајсторски начин, со шутеви, влезови, флоутери...

 

 

Димитријевиќ со ова покажа дека е во одлична форма и ќе биде огромна штета да не игра за Македонија во ноемврискиот претквалификациски циклус. Руските клубови се исфрлени од европските клупски и репрезентативни натпреварувања поради што најавија дека нема да го прекинуваат првенството кога ќе бидат репрезентативните прозорци на ФИБА.