Луда тројка: Нено ја „скина мрежичката“ на Италија од – половина терен (ВИДЕО)

Ненад Димитријевиќ одигра маестрално второ полувреме и беше еден од најзаслужните за сензационалниот пресврт на Македонија против Италија (87-78) за прв триумф во квалификациите за ЕП 2022.

Кошаркарот на Хувентуд постигна и луда тројка од својата половина на истекот на времето во третата четвртина, со што го донесе првото водство за жолто-црвените кое потоа не го испуштавме од раце.

Голема штета е што популарниот Нено се повреди во финишот и засега е надвор од конкуренција за утрешната средба против Естонија, која може да биде клучна за пласманот на ЕП, ако балтичката селекција денеска загуби од Русија.