Јакимовски со 13 поени помогна за триумф на Вашингтон (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски одигра солиден натпревар за Вашингтон и помогна во триумфот против Станфорд од 72-59.

Јакимовски го заврши натпреварот со 13 поени, шест скокови, две асистенции и една украдена топка.

На спротивната страна играше Андреј Стојаковиќ, синот на легендарниот Пеџа Стојаковиќ и постигна само три поени.