Јакимовски и кога шутира лошо постигнува двоцифрен број поени!
Тој средбата ја заврши со 11 поени и покрај тоа што немаше шутерски ден, односно што погоди само три од 12 упатени удари кон противничкиот кош (2/9 за тројка). Македонецот на паркетот мина 36 минути, во кои оствари и шест скока со две асистенции.
За Вашингтон стејт ова беше петта победа во шестиот дуел од новата сезона. Следен противник за Јакимовски и неговите соиграчи е Портланд стејт универзитетот, дуел закажан за следната сабота.