![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2022/09/02/182896-hrvatite-pokazhaa-zabi-no-dzverot-antetokumpo-ja-izraduva-grcija.jpg?itok=sG3hLnqx)
Хрватите „покажаа заби“, но ѕверот Антетокумпо ја израдува Грција
Хрватска го отвори мечот со серија од 7-0, но набрзо нивната предност се стопи и Грција направи целосен пресврт до финишот на првата четвртина (24-16). Антетокумпо и неговите колеги играа брутално и во еден момент стигнаа и до +19 (40-21), а на полувреме заминаа со предност од 46-30.
Грција ја одржуваше високата предност во воведните минути од вториот дел (62-45), но потоа Хрватска влезе во одличен ритам и со 15-0 стигна до само два поени негатива (60-62). Иако нашиот јужен сосед во ниту еден момент не го испушти водството, сепак Хрватите беа блиску и беше драматично до самата завршница.
Антетокумпо беше најдобар во грчкиот состав со 27 поени, 11 скокови и шест асистенции, по што следеше Тајлер Дорси со 27 поени, но само пет скока и две асистенции.
Во мечот кој почна веднаш по Хрватска-Грција славеше Полска со 99-84 против Чешка, а најдобар беше Матеуш Понитка со 26 постигнати поени, четири скокови и девет асистенции.