Влаховиќ пред заминување, Јувентус ја одредил цената

Напаѓачот на Јувентус и српската репрезентација, Душан Влаховиќ по доаѓањето на Французинот, Рендал Коло Муани во јануарскиот преоден рок се пресели на клупата за резерви.

Муани игра одлично и во првите три натпревари за Јувентус постигна пет гола и клубот од Торино сигурно ќе сака да го задржи ако продолжи во ваква форма.

Влаховиќ не е помеѓу стартерите и според последните информации, Јувентус е спремен да го продаде за сума од 50 милиони евра.

Договорот на Влаховиќ истекува во јуни 2026 година, па така „старата дама“ и не може да бара премногу. Претходно клубот бараше Влаховиќ кој сега заработува 12 милиони евра по сезона да ја намали платата, но Србинот таквото барање го одби.

Според „Трансфермаркт“ вреди 60 милиони евра, меѓутоа тоа е сума која веројатно ниту еден клуб нема да ја плати. Сезонава Влаховиќ постигна 13 голови на 28 натпревари, а во медиумите најчесто се поврзуваше со Арсенал и Манчестер јунајтед.