Хап: Сѐ е лесно кога имаш плејмејкер како Нено

Натурализираниот македонски репрезентативец Итан Хап и на вториот меч во црвено-жолтиот дрес беше на високо ниво и еден од најдобрите играчи во тимот.

По мечот, тој не го криеше своето воодушевување од играта на Нено Димитријевиќ со кого го наполнија противничкиот кош.

„Селекторот одлично не подготви за натпреварот, особено кога противникот ја менуваше одбраната. Кога имаш плејмејкер како Нено, само треба да му ја дадеш топката и да играш, импресивно беше да се гледа.

Како што рече селекторот, секој што се појави на паркетот има удел за денешната победа“, рече Хап.