
Грузијците играат против Македонија, но во мислите се со народот на Украина (ФОТО)
Грузиските кошаркари во знак на поддршка на украинскиот народ, на официјалното претставување и интонирање на химните се појавија со знамето на оваа држава. Тоа потоа беше ставено пред нивната клупа, покажувајќи дека народот на Грузија сочувствува со маките на украинските браќа, кои во моментов се обидуваат да се одбранат од агресијата на руските војници.
Жолто-црвените добро го почнаа мечот од квалификациите за СП 2023 во кој постојано се во водство во првото полувреме.