Франција драстично ослабена во квалификациите за Евробаскетот

Една од најголемите ѕвезди на француската кошарка, Еван Фурние нема да настапи за Франција во квалификациите за Евробаскетот.

Селекторот на Франција потврди дека Фурние нема да биде дел од составот поради лични причини, иако самиот кошаркар претходно кажа дека е подготвен да помогне.

Надвор од составот ќе биде и Џејлен Хорд од Макаби, но тоа не би требало да претставува голем проблем во дуелите против Босна и Херцеговина и Хрватска.