Ефремовски: Да го дадеме максимумот и да ја победиме Ирска!
Еден од играчите од кои се очекува значаен придонес е Виктор Ефремовски. Бек-шутерот го дочека овој циклус како најдобар стрелец во Супер лигата, а добрата форма ја потврди и на контролниот натпревар против Бугарија во Скопје.
„Подготовките досега се одвиваат одлично. Работиме напорно на секој тренинг и мислам дека од ден на ден изгледаме подобро. Атмосферата е навистина добра, сите сме максимално посветени и верувам дека до почетокот на натпреварите ќе бидеме целосно подготвени“, вели Ефремовски.
„Не очекува важен натпревар против Ирска и свесни сме дека нема да биде лесно. Тие доаѓаат со пет-шест нови играчи, па сигурно ќе има промени во нивната игра. Нашиот фокус е на нашата игра и на тоа да го дадеме максимумот. Ако одиграме дисциплинирано и ги исполниме задачите од селекторот, верувам дека можеме до позитивен резултат и до остварување на нашата цел“, додава македонскиот репрезентативец.
Натпреварот со Ирска се игра на 2 јули во салата „Лазар Лечиќ“.