Младинската репрезентација на Македонија дојде до втората победа по ред на ФИБА „Челинџерот“ во Шопрон, откако попладнево, по голема борба, ја совлада Романија (79-78) и тоа со тројката на Лука Савичевиќ на четири секунди до крајот на продолжението.

За кошаркарот на МЗТ Скопје УНИ Банка тоа беше прв погоден шут од далечина по низата од шест промашувања, но се покажа дека имаше концентрација и храброст да реализира кога беше најпотребно. Со тоа правдата беше задоволена, со оглед што црвено-жолтите беа далеку подобар противник во поголемиот дел од средбата во која имавме и водство со дури 19 поени разлика (49-31). Но, тогаш како да престанавме да играме, па противникот направија неверојатна серија 26-8 за да дојде до егал-ситуација (57-57), каква што имаше и на крајот од регуларниот дел (67-67).

Во дополнителните пет минути поголемиот квалитет на избраниците на селекторот Тони Симиќ дојде до израз, а беше потврден со победничкиот кош на Савичевиќ. Триумфот беше обезбеден со тимска игра, за што најдобро говори фактот што имавме петмина со двоцифрен поентерски ефект. Виктор Исајловски постигна 15 поени со девет скока, Давид Наумоски и Љубиша Димитровски реализираа по 13 поени, Дарио Митевски беше стрелец на 12, а Павел Данаиловски на 10 поени.

Вчера беше совлада Луксембург, а утре го играме третиот меч на турнирот и тоа против Швајцарија.