Доста им беше еден дебакл: И Харден сака да игра за репрезентацијата на САД

По дебаклот на Светското првенство во Кина, кадешто САД заврши шести, кошаркарите на САД нов предизвик ќе имаат следното лето на Олимписките игри (ОИ) во Токио.

Очигледно дека настапот на ОИ за разлика од Светското првенство некако ги привлекува најдобрите кошаркари на САД, па голем број ѕвезди најавија дека ќе играат за репрезентацијата.

Денеска се огласи и еден од најдобрите стрелци во НБА-лигата, Џејмс Харден, кој потврди дека сака да се пресели во Токио.

„Една од целите е да се претстави мојата преубава држава“, порача Харден.