
Дончиќ бесен на судиите по елиминацијата: Ова не треба да се случува во четвртфинале!
Лука Дончиќ постигна 39 поени, имаше десет скокови и седум асистенции, но тоа не беше доволно за изненадување.
„Верувавме дека можеме да победиме и тоа го покажавме. Што им реков на момците? Секоја чест на сите, од првиот до последниот, сите се боревме. Можев да играм подобро во последните моменти. Кога се кршеше натпреварот не носев најдобри одлуки“, вели Дончиќ.
Ѕвездата на Словенија уште на почетокот од третиот период имаше четири лични грешки, а натпреварот го почна со техничка.
„Нема ништо да кажам. Првата техничка ја добив по само две минути од натпреварот кога викнав „Ало“. Не смее да ти дадат техничка за такво нешто во четвртфинале, без разлика на името на кошаркарот. За тоа не се добива ниту опомена. Навистина не знам што мислеа судиите“.