Димитријевиќ постигна 12 поени, Уникс загуби од Парма Перм

Парма Перм повторно го совлада Уникс Казан со 89-86 и уште еднаш се покажа како најнепријатен противник на екипата на Ненад Димитријевиќ оваа сезона.

Во текот на мечот се водеше израмнета битка, а Уникс со водство влезе во последните 10 минути, меѓутоа почнаа проблемите во нападот и тоа го искористи Парма Перм за да направи пресврт кој беше недостижен за екипата на македонскиот репрезентативец.

Димитријевиќ денеска немаше добар ден и реализираше само пет од 19 удари, односно постигна 12 поени и осум асистенции. Додека најефикасен во победничката екипа беше Рис со 20 поени.