Дебакл на кошаркарките и против Португалија
Од самиот почеток Португалија доминираше и беше подобрата репрезентација на теренот,
Во финишот од првата четвртина португалските кошаркарки за првпат стигнаа до двоцифрена предност (12-22). Не успеваше Македонија да се врати ниту во продолжение, па предноста на гостите само растеше. На полувреме предност на Португалија изнесуваше 22-44.
Не се промени сликата ниту во вториот дел, па така само прашање беше со колкава разлика противникот ќе слави.
Најефикасна во нашите редови беше Митрашиновиќ со 16 поени, колку што имаше и Кореира од Португалија. На табелата во групата Македонија со два порази е последна, а во третото коло не очекува натпревар против Србија.