Бајиќ: Од никого не се плашиме, против сите на - победа!

Македонската кошаркарска репрезентација денеска ги дозна противниците со кои ќе треба да се соочи за да избори пласман на Светското првенство (СП) 2023.

Селекторот Драган Бајиќ кажа дека направил забелешки за противниците на Македонија во претквалификациите, како и дека очекува успешен настап на нашите кошаркари.

„Собрав неколку забелешки за нашите противници во претквалификациите. Јасно е дека станува збор за добро познати противници, кои беа во иста линија со нашата селекција во претходниот квалификациски циклус, тоа би требало да биде олеснително за нас. Тоа што можам да го кажам е дека Швајцарија заслужува почит за тоа што го направи на последните квалификации за ЕП. Не е лесно да се победи репрезентација како Србија. Словачка го има Кајл Кјурик, еден од најдобрите во Барселона, како и Бродзијански, кој игра заедно со Нено Димитријевиќ во Хувентуд“, вели селекторот.

Бајиќ кажа дека не треба да се плашат од никого и се надева дека ќе изградат самодоверба во следниот период.

„Знам едно нешто, а тоа е дека не треба да се плашиме од никого и одиме на триумф против сите. Мора да изградиме високо ниво на самодоверба. Само така ќе ги минеме пречките кои стојат на нашиотат. Почнувајќи од првиот собир, кој треба да биде летово“, вели Бајиќ.