Антиќ во Ц. Звезда ќе игра за „само" 150.000 евра, ама...

Враќањето на макеоднскиот репрезентативец Перо Антиќ во белградска Црвена Звезда предизвика експлозија од воодушевувања кај северниот сосед, а медумите експресно почнаа да објавуват колку доаѓањето на центарот од Фенербахче ќе го чини актуелниот српски шампион.

Антиќ вчера објави дека имал пет пати поголеми понуди да игра во Кина, но решил да се врати по една деценија во Белград и пак да игра во Црвена Звезда, па за сето тоа тој се откажал од 350 илјади евра од „бонусот“ за нов договор со Фенер за новата сезона, кој му следел како услов да ја освои Евролигата, што и се случи во минатата сезона.

Како што објави порталот многу близок до белградскиот гигант, Антиќ во Фенербахче заработувал еден милион евра годишно, а во договорот имал клаузула за зголемување на платата за 35 отсто за сезоната 2017/18 во случај да ја освои Евролигата. Со јасно дефиниран договор помеѓу актуелниот европски првак и српскиот шампион и на задоволство на двете страни, Антич доаѓа на Мали Калемегдан за да го засили белградскиот клуб под одредени услови.

Антиќ се откажал од зголемувањето на платата за 35 отсто која му следеше поради европската круна, Фенер на макеоднскиот центар ќе му плати 850 илјади евра за раскинување на договорот, а до заработка од милион евра, колку што му беше актуелниот договор со турскиот гигант, ќе го плати Ц. Звезда. Што значи дка белграѓани за 150 илјади евра за цела сезона ќе го има најтрофејниот макеоднски кошаркар во историјата.

Антиќ има три европски круни, две со Олимпијакос и една од оваа година со Фенербахче.