Земја на кошарката: Србија по петти пат е светски шампион во – баскет (ВИДЕО)

Баскетчиите на Србија се нови светски шампиони, откако во вечерашното финале на собирот во Антверпен ја совладаа Литванија со 21-16.

Ова е петти златен медал за Србите на досегашните седум најголеми светски натпреварувања во „три на три“, од кои имаат уште едно сребро Нашиот северен соседн одигра седум меча на ова првенство и извојува исто толку победи, а покрај Литванците на нивното „мени“ беа Нов Зеланд (21-19), Порторико (21-19), Франција (22-15), Бразил (22-7), Летонија (22-17) и домаќинот Белгија (17-12).

Дејан Мајсторовиќ беше избран за МВП на шампионатот, а покрај него до светскиот трон дојдоа Страхиња Стојачиќ, Михаило Васиќ и Марко Бранковиќ.