Во мечот со Панатинаикос: Хорор-повреда на кошаркар на Црвена звезда (ВИДЕО)

Драматична ситуација можеше да се види во денешната пријателска пресметка помеѓу кошаркарите на Црвена звезда и на Панатинаикос (83-55), откако крилниот центар на црвено-белите, Арон Вајт, падна многу лошо по атрактивно забивање.

Американецот, кој во таборот на белграѓани дојде токму од редовите на „зелените“ од Атина, фантастично реализира брз контранапад, но забувајќи ја топката лошо „слета“ и падна директно на левата шака. Истовремено, тој удри со лицето во заштитниот дел од кошот, поради што беше целосно крвав.

Неофицијално, тој има скршеница на шаката и пред него е долг период на рехабилитација и тоа додека сезоната сѐ уште не е почната.