Вечното дерби не може без инциденти: Гробари пак се истепаа - помеѓу себе (ВИДЕО)

Кошаркарите на Партизан и на Црвена звезда вечерва, во Ниш, го играат финалето од Купот на Србија, меч во кој по првото полувреме водат црно-белите со 34-31, но и во кој можеа да се видат и немили сцени на трибините.

Како што речиси редовно се случува на вечните пресметки во последно време и овој пат популарните Гробари се истепале помеѓу себе, барем така пишува српскиот интернет-сајт „Еспресо“. Иако повеќе нема фракции во оваа навивачка група, со исклучок на мала група на „Забранети“, во салата „Чаир“ дошло до пресметка на десетина воинствени фанови на Партизан, која за среќа брзо била смирена од присутните полицајци.

Фановите на Ц. Звезда, популарните Делии, како едвај да го дочекаа ова, па им фаќаа сеир на своите ривали на спротивната страна на трибината.