
Утешна награда: Лука Дончиќ го има најдобриот потег на ЕП 2022 (ВИДЕО)
Ѕвездата на Далас е застапен со магичниот дриблинг на мечот против Унгарија, кога прво ја протна топката низ нозете на противникот, а потоа асистира за атрактивен цепелин. Дончиќ го има и четвртиот најдобар потег и тоа неверојатната тројка на крајот од нападот во дуелот против Франција.
Второто место е за Руди Гобер и неговото забивање против Шпанија, а третопласиран е Јанис Адетокумпо со едно од многуте забивања на првенството.