Три македонски екипи ќе играат во женската АБА-лига!

Македонската кошарка ќе има свои претставници и во женската регионална лига ВАБА, откако е објавени дека три наши екипи се пријавија за настап и тоа Бадел 1862, Вардар и Крива Паланка.

Станува збор за кадетско издание на ова натпреварување за кошаркарки до 16 годишна возраст, во кое ќе земат учество 20-тина екипи од просторот на поранешна СФР Југославија. Тимовите ќе бидат поделени во четири групи, а во „македонската“ покрај нашите претставници ќе бидат уште и црногорските тимови Будужност Бемекс и Приморје.

Предвидено е да се одиграа три турнири и тоа два во Скопје и еден во Погорица на 25 октомври, 29 ноември и 20 декември, секако ако тоа го дозволат здравствените услови поради пандемијата со коронавирусот, по што ќе следува втората фаза во која ќе бидат пренесени бодовите од прелиминарните групи.

Најдобрите четири екипи ќе се пласираат на фајналфор-турнирот, кој ќе се одржи на 24 и 25 април.