ТФТ со четири порази се збогуваше од БИБЛ-лигата

ТФТ Скопје не се прослави во БИБЛ-лигата и втората фаза од натпреварувањето ја заврши без ниту еден триумф, откако и во последниот меч беше поразен со убедливи 71-105 од Гилбоа.

Македонскиот претставник издржа само во првата четвртина против противникот (22-23), по што почна полека да тоне, а на полувреме водството на Гилбоа изнесуваше 48-37.

ТФТ не успеа да се врати ниту во второто полувреме, па на крајот мораше да го прифати убедливиот пораз од 71-105.

Флојд беше најдобар во победничкиот тим со 19 постигнати поени, додека кај ТФТ најефикасен беше Херис со 14 поени.