ТФТ и Куманово со победи во БИБЛ-лигата

Македонските претставници во БИБЛ-лигата, ТФТ и Куманово денеска остварија победи против Тиват, односно Академик Пловдив. 

Тимот од скопската населба Тафталиџеги задржа шансите за втората рунда во натпреварувањето по победата од 104-86 против Теодо. ТФТ има скор од 3 победи и шест порази, а во последниот натпревар на домашен терен во „Кале“ го пречекува тимот на Ибар. Тајрон Херис беше лидер на Скопјани со 24 поени, кај гостите Александар Булатовиќ и Лазар Ѓуровиќ постигнаа по 16 поени. 

Кумановци славеа на гостински терен во Бугарија со 96-89 што за нив беше трета сезонска победа. Интересно е тоа што Куманово сезонава му ги нанесе двата единствени порази на Академик. Отис Ливингстон и Кори Рејли -Рос имаа по 21 поен во редовите на нашиот претставник. Во бугарскит состав најдобар беше Обрад Томиќ со 17 поени.