Српски кошаркар ќе добие пет милиони долари во НБА за да не игра – цела сезона!
И покрај ова, тој беше избран на НБА драфтот и тоа како 12. пик од Оклахома сити тандерс, која планира да го почека целосно да закрепне. Според американските медиуми, неговата операција поминала добро, но „громовите“ не планираат да го играат следната сезона. Тие се пополнети на позицијата плејмејкер и не планираат ништо да ризикуваат со младиот Топиќ, во кого го гледаат како клучен влог за во иднина.
Покрај Шеј Гилџес-Александер, како плејмејкери се уште и Алекс Карузо, Карсон Валас и Аџеј Мичел, па Србинот ќе може полека да закрепнува и да биде подготвен за сезоната 2025/26. Тогаш Карузо и Мичел ќе останат без договор, па место ќе се отвори место за бек во ротацијата на овој НБА-тим.
Топиќ додека се опоравува и додека нема да игра ќе заработи 4.935.000 долари, а за сезоната во која треба да дебитира се очекува да инкасира 5.180.000 долари.