Српски коментатор завршил во болница, му се слошило по шокот од Финска!

Репрезентацијата на Србија вчера изненадувачки уште во осминафиналето го заврши настапот на Евробаскетот со пораз од Финска со 92-86, а по натпреварот се случувала вистинска драма.

Според информациите на српските медиуми, на познатиот српски коментатор, Слободан Шаранец му се слошило по завршувањето на средбата

Како што се пренесува по него пристигнало и возило на брза помош. За среќа последните информации говорат дека водителот е во стабилна состојба, меѓутоа повеќе детали околу неговата состојба се очекуваат во текот на денот.

Шаранец како коментатор ги пренесуваше натпреварите на Србија на овој Евробаскет.

Фото: FIBA