Србите ги растурија Американците, па славеа со хитот на Нада Топчагиќ (ВИДЕО)

Српската 3х3 селекција славеше убедлива победа против САД во првото коло од олимпискиот турнир.

Србија го прегази својот голем ривал со 22-14 и потврди дека е прв фаворит за златото во Париз. Се оечкуваше поголема борба, особено поради подобриот старт на Американците кои се предводени од некогашната НБА ѕвезда, Џимер Фридет, но работите брзо дојдоа на свое место и Србија лесно стигна до првиот триумф.

Веднаш по последниот кош, почна еуфоријата на плоштадот Конкорд во Париз каде се одржува 3х3 турнирот. Србите славеа со хитот на Нада Топчагиќ, „Јутро је“, а на кошаркарите им се придружија навивачите меѓу кои беа и одбојкарскиот репрезентативец Марко Подрашчанин и селекторот на тениската репрезентација Виктор Троицки.