Србија и официјално остана без селектор, се отвора патот за – легендата!

Кошаркарската репрезентација на Србија и официјално остана без предводник од клупата, откако денеска беше потврден прекинот на соработката со доскорешниот селектор, Игор Кокошков.

Тој седна на клупата во 2019 година, по оставката на Александар Ѓорѓевиќ по Мундобаскетот во Кина, по што успешно обезбеди настап на ЕП 2022 низ квалификации, но доживеа фијаско на Предолимпискиот турнир во Белград, каде што неочекувано загуби од Италија во клучниот меч за виза за Токио.

Кокошков во моментов работи како помошник на Џејсон Кид во Далас маверикс, а на негово место се очекува да биде легендарниот српски стручњак, Светислав Пешиќ.