Скандал: Ахмети одби да се поздрави со српски кошаркар на меч од Еврокупот (ВИДЕО)

Грчкиот тим Маруси синоќа на домашен терен го совлада косовски Пеќ (98-75) во меч од Купот на Европа на ФИБА, кој предизвика голем интерес, но не поради спортските случувања.

Скандал направи младиот косовски кошаркар, Анди Ахмети, кој на крајот одби да се поздрави со поранешниот српски репрезентативец, Мирослав Радуљица. Тој прво ја игнорираше подадената рака, а потоа му упати остар поглед.

Причина за ваквиот потег е напишаниот коментар на центарот „Косово и Метохија, тоа е Србија“, објавен под најавата за овој натпревар на страната на Грците. Следеа многу заканувачки коментари, но на крајот грчкиот клуб ги блокираше коментарите на објавата. На овој меч Радуљица постигна девет поени со четири скока, додека Ахмети немаше посебен учинок.

Реваншот е на 27 септември во Приштина.