Шок за Италија: Се повреди еден од најдобрите кошаркари и нема да игра на Евробаскетот

Италијанската кошаркарска репрезентација славеше со 91-84 против Грузија, меѓутоа мечот нема да се памети по добро затоа што еден од најискусните кошаркари Данило Галинари заработи тешка повреда.

Галинари ги повреди лигаментите на левото колено, по што првите прогнози покажуваат дека нема да се врати на паркетот до следната година, иако треба да се почекаат дополнителните медицински прегледи.

Во секој случај Галинари нема да настапи на Евробаскетот, кој почнува за три дена, па тоа е голем удар за италијанската репрезентација.